За друштвото

За друштвото

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ ИНВЕСТ АД Скопје е основано во 2009 година. Висината на почетниот капитал на Друштвото изнесува 700.000,00 евра. Мнозински акционер во Друштвото за управување е Комерцијална банка АД Скопје.

Друштвото работи согласно одобрението за работа издадено од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија број 07-3453/11 од 19.12.2008 година.

Друштвото е запишано во Трговскиот регистар под матичен број 6443532 на 15.01.2009 година. Моментално Друштвото управува со шест (6) отворени инвестициски фондови.

Седиштето на Друштвото е на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50 во Скопје, Република Македонија.

Пречистениот текст на Статутот на Друштвото е донесен на ден 12.07.2022 година.

Депозитарна банка на фондовите со коишто управува Друштвото е Комерцијална банка АД Скопје, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, Скопје, РС Македонија со износ на почетен капитал од вкупно 2.279.067.000,00 МКД. Функцијата на депозитарна банка ја врши согласно Решение бр. 2064 од 24.03.2008 година издадено од НБРМ. Активностите за чување на имотот на инвестициските фондови надвор од територијата на РС Македонија, Комерцијална банка ги има делегирано на следниве субдепозитарни банки: Nova Ljubljanska banka d.d. со адреса Trg republike 2, 1520 Ljubljana, Slovenia и Euroclear Bank SA/NV, со адреса 1, Boulevard du Roi Albert II 1210 Brussels Belgium.

Главните извори на ризик за Друштвото и нивното значење се прикажани во следната табела:

Ризици поврзани со работењето Степен на влијание
Пазарен ризик Низок
Ликвидносен ризик Низок
Ризик од промена на каматни стапки Низок
Ризик на друга договорна страна Низок
Оперативен ризик Низок